Од 2 ноември без ПЦР-тест во Србија

Покрај во Косово и во Албанија, од понеделник државјаните на Македонија ќе можат да влезат без ПЦР-тест и во Србија.

Ова е договорено на денешниот состанок преку конференциска врска на интернет меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев на Македонија и Еди Рама на Албанија, на која трите држави се согласија за слободен проток на луѓе, без негативен резултат од тест за коронавирус.

Онлајн состанокот е продолжение на средбите на тројцата лидери во рамките на иницијативата наречена „Мини Шенген“, покрената минатата година, а која паузираше поради оандемијата на Ковид-19.

Вучиќ, Заев и Рама и официјално го поканија Косово да ѝ се приклучи на иницијативата за соработка на земјите од Западен Балкан, во рамките на која изразија надеж дека наскоро ќе ги видат и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

SHARE