Владата ќе донесе одлука за враќање на работното време на кафулињата и рестораните до 21 часот, соопшти денеска министерот Венко Филипче според кој епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспитализирани пациенти во болниците…

„Единствено нешто што сигурно ќе се случи е дека од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Согласно проценката на ситуацијата до 21 јануари, ќе се разгледува барањето и можноста да работат и до 23 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има. Сите други мерки остануваат на сила“, рече Филипче по посетата на Институтот за судска медицина.

Од 18 декември, работното време на кафулињата и на рестораните беше ограничено до 18 часот.

SHARE