Од Авганистан се враќаат 7 македонски војници – ќе одат во карантин

Седум припадници на Армијата утре ќе се вратат од Авганистан, соопшти Министерството за одбрана.

Тие, согласно мерките, веднаш ќе бидат упатени во карантин од 14 дена.

Војниците се во Авганистан како дел од мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“. Тие ќе се вратат со специјален лет на „Кроација ерлајнс“, мнајпрвио до Хрватска, од каде ќе бидат транспортирани во земјава.

SHARE