Од Бугарија тврдење дека Заев сепак ќе потпише анекс на договорот (ФОТО)

Бугарски медиуми јавуваат дека македонскиот премиер ќе потпише анекс на Договорот за пријателство.

Веста која ја пренесува и државното Бугарски национално радио вели дека Заев ќе потпише анекс на договорот а се повикува на изјавата од премиерот дадена вчера во која тој вели дека може да потпише изјава или декларација.

Со оглед на тоа што Бугарското национално радио е под контрола на владата на Борисов а тамошните новинари знаат да разликуваат изјава од анекс на договор се отвараат повеќе дилеми поврзани со овој случај.

1. Дали вчерашната изјава на Заев е само погрешно пренесена?

2. Дали бугарските медиуми намерно зборуваат за анекс иако тој не беше воопшто споменат

3. Дали бугарските новинари биле предходно брофирани дека Заев ќе најави анекс но до тоа не дошло по што тие практично објавија лажна вест

4. Зошто лажната вест не е тргната повеќе од 15 часа.

5. Дали бугарските медиуми создаваат атмосфера за потпишување на анекс за време на средбата меѓу Заев и Борисов во Софија на почетокот на ноември?

6. Дали медиумите во Бугарија сакаат да ја амортизираат изјавата на Заев кој отфрли можност за анекс

SHARE