Од фалш-стока ЕУ губи 60 милијарди евра годишно

Европските производители губат 60 милијарди евра годишно поради фалсификувани стоки. „Мали судски пресуди и високи приходи ги стимулираат криминалните банди да продолжат со производството на фалсификати“, се вели во извештај на Европската служба за интелектуална сопственост (EUIPO).

Фалсификатите стануваат се попрофесионални, а лепезата на фалсификувани стоки – поголема и широка, велат EUIPO.

Најпогодени се 13 индустрии: козметика и лична хигиена, облека, обувки, прибор, спортски стока, играчки и игри, накит и часовници, рачни торби и куфери, музички записи, пијалоци и вина, лекови, пестициди, паметни телефони, батерии и гумипишува Дојче веле.

Поголем дел од лажната стока се произведува во Хонг Конг, Кина, ОАЕ и Турција, а влегува во ЕУ преку Албанија, Мароко и Украина.

ЕУ земја во која се произведуваат многу фалсификати е Грција велат од EUIPO.