Од јануари пензиите повисоки за 722 денари

Вицепремиерката Мила Царовска соопштии дека од јануари пензионерите ќе добијат 722 денари покачување на пензиите и дека за 2,5 години пензиите се сзолемиле за 1.746 денари.

Царовска тврди дека покачувањето не е популизам пред избори туку се должи на позитивните показатели од реформата за стабилизирање на пензискиот систем. 

„Покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500“, објасни Царовска.

SHARE