Од земјава се иселени дури половина милион граѓани или една четвртина од населението, предупредува Светка банка. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот.

Поради тоа, Македонија  мора под итно да превземе чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд, предупредува СБ.

„Кога ќе го споредиме одливот на таленти од РСМ со 24 земји од Источна европа практично Макеоднија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар“ вели Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

Најмногу млади заминуваат во Малта, Германија, Швајцарија,Словенија, Италија, Шведска заради работа .

Причините поради кои најчесто граѓаните ја напуштаа земјава е тоа што половина од младите се невработени, а вработените најчесто се платени со минимални плати од 12.000 денари, без разлика дали се продавачи или инженери.

SHARE