Три барања имала грчката страна на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција на состанокот одржан во номеври, дознава МИА.

Наставниците и професорите да добијат упатстава за наставата во новата учебна година да не предаваат материјали што содржат иредентизам или ревизионизам.

„Второ, од книгите да се исфрлат било кои античко грчки симболи што постојат или особено симболи на античкиот грчки македонизам, кои што поради оптичкиот контакт и како слики влијаат на децата.

Третото што го кажавме е секако да се отстранат мапите кои што највидливата точка на иредентизмот, мапи кои ја опишуваат  Голема Македонија“, објаснуваат официјалните грчки дипломатски избори за МИА .

Како што дознава МИА, Грција самоиницијативно ќе направи промена во нивните карти за да ги усогласат со меѓународните правила, па наместо како до сега за градот Битола да пишува Монастири како што е на грчки, ќе треба да стои Битола (Монастири).