Од невладината на Боки 13 тврдат дека немале врска со случајот „Рекет“

Меѓународен сојуз на Боки 13 се оглеси преку соопштение во кое се вели дека невладината  организацијата работи според закон и на ниту еден начин не е опфатена со истрагата за случајот „рекет“.

 Информациите дека организацијата била користена како алатка за извлекување пари заради наводна изградба на домови за стари лица, потпретседателката на Меѓународен сијуз ги оценува како неосновани и тенденционзни шпекулации.

Во соопштението е наведено дека 720-те илјади евра кои легнале на сметката на пензинерката Лилјана Тодоровска како координатор и идеен творец на прокетот за изградба на старечките домови, веќе биле предмет на истрага на Финансиската полиција и ОЈО Скопје кои утврдиле дека нема ништо незаконско.

„Временското одлагање и доцнењето на остварувањето на целите на Меѓународен сојуз е исклучиво од објективни причини а никако по вина на МС и координаторите на проектите„, се вели во соопштението.

SHARE