Од петок Белград пак под полициски час

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека состојбата во Србија со коронавирусот, особено во Белград, е критична, а дека од овој викенд одново ќе биде воведен полициски час.

„Денес е најтешкиот ден од почетокот на епидемијата, имаме 13 починати, над 120 лица на респиратори. Ситуацијата во Белград е алармантна. Сериозна е во уште четири града во Србија, но Белград е во критична состојба”, рече Вучиќ.

Од утре се забранети се собири на повеќе од 5 лица, на отворено и во затворен простор, а од петок, полициски час, кој ќе трае до понеделник, пренесуваат медиуми.

На прашањето дали полицискиот час се однесува само за Белград или за цела Србија, Вучиќ со одговор:

„…Јас лично би сакал да биде во цела Србија “.

SHARE