Принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркел „не ги сфатиле целосно последиците“ од нивната намера дел од времето да живеат и во Канада, откако се откажаа од високиот кралски статус, но тоа ќе има големо влијание врз буџетот на Скотланд Јард, објавија британски медиуми.

Трошоците за заштита на кралската двојка е вистински проблем и се стравува дека барањето на Хари и Меган да се сметаат за „меѓународно заштитени“ може да предизвика буџетот на единицата за заштита на кралското семејство да „излезе од контрола“.

Заштитата на парот во Велика Британија ја чини полицијата 600.000 фунти годишно (780,000 американски долари), а живеењето во странство во голема мерка ќе ги зголеми трошоците.
Според документите достапни на „Тајмс“, полицискиот оддел веќе нема доволно полицајци задолжени за безбедноста на кралското семејство.
За време на неодамнешниот седумнеделен годишен одмор во Канада, 10 офицери постојано го чуваа внукот на кралицата и неговата сопруга со синот.

Нивните планови за потрајно преселување во Канада би можеле да стават огромен товар на метрополитен полицијата според која е „исклучително тешко“ да се обучат доволно офицери за кралска заштита, а патните трошоци само на обезбедување лани надмина 2,5 милиони долари минатата година.

SHARE