Од секое комбе, возило за „итна помош“ (не) бива

„Имаат малку километри поминато изгледаат солидно, внатре имаат полици што може да се искористат“. изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, по вчерашната информација дека Министерството за земјоделство ќе отстапи 8 комбиња koi ќе бидат пренаменети во возила на „итна помош“.

Министерот вели дека треба да направи проценка дали осумте комбиња од Министерството за земјоделство можат да се адаптираат за возила за итна медицинска помош,

@Секторот за опрема ќе ги види и ќе одлучат дали можат да послужат и да започне постапка за опремување. Ќе ви кажам кога ќе заврши процедурата колку тоа ќе чини, макар да треба и да се распише тендер“, изјави Филипче.

Тој не знае колку би чинело адаптирањето.

SHARE

Оставете коментар