Од Софија до Скопје за 1 час, ама во 2025 година

Кон средината на идната деценија, се предвидува од Софија до Скопје да се патува со воз за не повеќе од еден час, изјави днеска за новинарите бугарскиот министер за транспорт, Росен Жељазков.

Според него, за следниот програмски период во Бугарија се планирани 400 милиони евра за изградба и модернизација на железничката линијата од Софија до границата со Македонија. Слична сума е предвидена и за изградба на железничка конекција од Скопје до границата со Бугарија.

„До 2025 година, плус-минус година, ќе имаме изградена инфраструктура“, изјави Жељазков.

 Тој додаде дека претстои изградба нажелезниичкиот тунел меѓу дете земји.

SHARE

Оставете коментар