Од ТВ ѕвезда до притвореник: Сопственикот на 1ТВ ќе мине 30 дена во ќелија во ,,Шутка”

Сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва по распитот пред судија на претходна постапка доби ефективен притвор.

Основниот кривичен суд во Скопје соопштува дека е донесена одлука да се прифати предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Според судот исполнети се условите на Боки 13 да му биде определена мерка притвор од 30 дена.

„По произнесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед дека смета дека се исполнети условите од член 165 ст. 1 точки 1,2 и 3 од ЗКП. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Триесет дена притвор беше определена и за второосомничениот Зоки Кичеец.

SHARE