Посетителите во Зоолошката градината задолжително треба да носат маски, а ако не носта, ќе ја затвориме, вели директорот Ѓорѓи Галетановски за СДК.мк.

Според него голем дел од посетителите ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, но, сепак има случаи кога посетителите откако ќе влезат во градината ги вадат маските и не одржуваат растојание.

„Зоолошката градина е најбезбедно место и голем дел од постетителите носат маски. Но, од вторник 13 октомври) ќе мора сите да носат, во спротивно ќе ја затворам Зоолошката за посетители… Јас како директор нема да дозволам ниедно дете, родител или вработен да биде заразен во Зоолошката градина“, вели директорот Ѓорѓи Галетановски.

SHARE