Од вечерва нова трка по пратеници за ЗЈО: Во игра милиони и бенефиции за спас на нарачателите

Повеќе извори од различни партии и групи брифираат дека од доцна попладнево се одвиваат преговори и се врши сериозен притисок врз повеќе пратеници да гласаат за Законот за јавно обвинителство.

Трговијата и притисоците врз пратениците се случуваат само десетина часа откако лидерот на СДСМ Заев изјави дека до 2 часот изутрината правел консултации за обезбедување 80 пратеници за усвојување на новиот Закон за Јавно Обвинителство.

Слично на ситуацијата од уставните измени според информациите од изворите во игра се и ветувања за милионски суми за пратеници кои ќе го дадат својот глас за новиот закон за Јавното обвинителство.

За дел од пратениците кои предходно одбиле да разговараат да бидат “купени” во игра се други методи кои вклучуваат закани дека може да одговараат за тешки кривични дела по урнекот на промената на уставното име.

Во трговијата се вклучени и други бенефиции како вработувања за блиски луѓе на тие што ќе гласаат но и ветувања за добивање тендери за фирми блиски на пратениците.

Иако и Евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Тимоние предходно изјавија дека законот не е приоритет и дека може да се донесе и после изборите СДСМ прави напор истиот да се донесе пред вторник кога се очекува спикерот Џафери да го распушти Собранието.

Според повеќе независни експерти законот кој го нуди СДСМ е против основните постулати на уставниот систем а на јавната дебата беше укажано на сериозни грешки во најмалку 55 члена од вкупно 111 членови на текстот.

Со законот СДСМ обезбедува речиси ист систем како тој во пропаднатото СЈО кое треба да го водат обвинители блиски на Заев. Во старото СЈО немаше ниту еден предмет против кадри на СДСМ и ДУИ а беа гонети само функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлогот на СДСМ шефица на новото СЈО се очекува да биде Вилма Русковска која во јуни беше промовирана како наследник на уапсената Катица Јанева на предлог на Заев.

Очекувањата на повеќе извори во СДСМ се дека со законот ќе може да се контролираат истрагите кон високи функционери на СДСМ кои по смената на власта во април ќе бидат предмет на интерес на обвинителството за сторен криминал и висока корупција.

SHARE