Употребата на двојазичноста на униформите на војската и на банкнотите, се двата члена од Законот за употреба на јазиците кои ќе бидат испратени на Венецијанската комисија, вели вицепремиерот Бујар Османи, дознава „Слободен печат“.

Двата члена, вели Османи беа повлечени од сегашниот закон бидејќи беа оспорени од политичките партии.

Ова е спротивно од изјавата на министерката за правда Рената Дескоска според која Законот за јазиците следната недела ќе биде испратен на Венецијанската комисија со потпис на премиерот Зоран Заев.

SHARE