Од позади Зградата на Владата на улица Илинденска, преку мост над вардар и тунел под скопското Кале  ќе се стигнува до пластичарската улица, предвидува проектот кој ќе ги поврзува булевар Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада.

Се очекува проектот да биде готов до крајот на годинава, а до 2022 тунелот и мостот да бидат целосно готови, дознава Алсат.

„Оваа реализација на проектот стар 60 години, нацртан е 1964 година и сега ќе се реализира. Јас сум учесник и на проектирање на мостот Гоце Делчев сум вршел и надзор на квалитет на мостот, така да со ова Скопје ќе добие еден градски бисер во сообраќајот. Ќе се намали времето на возење и ќе се намали  загадувањето“, изјави Борис Танески, директор на Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии.

SHARE