Одбиено „дрското“ барање на Јанева за апанажа

Комисијата за избори и именување денеска едногласно одлучи да го отфрли барањето на поранешната шефица на СЈО и моментално обвинета во случајот „Рекет“ за апанажа што, според неа. ѝ следувало по разрешување од функцијата.

Претседателот на Комисијата, Илија Димовски рече дека не би требало да ѝ се даде апанажа на поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, не само поради случајот „Рекет“, туку и поради одредени нејзини постапки, а како пример даде уцени врз пратеници осомничени од СЈО.

„Треба да има образ, чест и морал дали да побара“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

„Моралот е важен кога се покренуваат барањата за апанажа (…) Дрскоста на екс-специјалната јавна обвинителка да побара апанажа од ова Собрание, покрај сета поддршка што ја имаше од јавноста, од меѓународната заедница, па и од мене лично, ми покажува дека имаме проблем со бирање на личности. Мене ми е жал што денеска морам да констатирам уште една дрскост и покрај тоа што гледаме што се се лучува во судскиот процес“, рече пратеничката од владејачката СДСМ, Ивана Туфегџиќ.


SHARE