Во членот 8 од договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас,  со кој се дефинира „судбината“ на спомениците, во параграфот 3 точно се прецизира дека „втората страна“ не смее на било кој начин да го употребува Сонцето од Кутлеш (Вергина).

!6-кракото на подот на Црквата „Св. Тројца“ во Радовиш

16-кракото сонце,  кое беше на првото знаме на самостојна Република Македонија, но преживеало во некои форми на јавни места и за јавни потреби, во рок од шест месеци ќе биде отстрането од секаде.

Според ова, градскиот плоштад во Виница на кој е „исцртано“ Сонцето од Кутлеш ќе биде една од првите „колатерални жртви“.

 

 

 

 

 

Прашање е дали под параграфот 3 ќе падне и фонтаната на плоштадот „Магнолија“ во Битола бидејќи е во форма на кралскиот штит на Филип Втори и на која е исцртано осумкрако сонце.

Грција смета дека македонскиот крал е дел од нејзиното историско наследство.

 

Договорот се очекува да биде потпишан викендов од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на чинот ќе присуствуваат и премиерите.

SHARE

Comments are closed.