Во неколку фази, од 20 мај до 15 јули годинава на територија на Мкедонија ќе се одржи воената вежба „Одлучен удар“ на Армијата и Командата на US EUCOM, која вклучува учество на странски вооружени сили на територијата на нашата земја.

Според информацијата усвоена на вчерашната седница, станува збор за најголема воена вежба која кога било е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на земјата во НАТО.

„На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2.000 припадници на нашата армија, и активно учество на 2.000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 вида моторни возила, 25 припадници на вооружените сили на Република Албанија и 10 вида моторни возила, 25 припадници на вооружените сили на Република Бугарија и 10 вида моторни возила, 25 припадници на вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на војската на Црна Гора и 20 вида моторни возила“, информираат од владината прес-служба.

Од владата појаснуваат дека вежбовната активност е насочена кон постигнување интероперабилност на припадниците на вооружените сили на земјите учеснички.

SHARE

1 Коментар

  1. СТЕВЧЕ НЕКА ПАЗИ, МИНАТИОТ ПАТ КАМЕРАТА ОД КОЈА БЕГАШЕ САМО ГО СНИМАШЕ, А СЛЕДНИОТ ПАТ ВО ТАА ИСТА КАМЕРА ЌЕ ИМА МЕТАК ЗА НЕГО!!!

Оставете Коментар