Обвинителката Вилма Рускоска асмета дека доколку Уставниот суд иницијативата ја разгледува по однос на одреден член од целиот Закон за амнестија и ако оцени дека е вонуставен, тогаш би биле амнестирани сите останати за настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

„Ако е за одреден член само, каде точно се наведува за кого важи и за кого не важи амнестијата и ако Уставниот суд донесе одлука дека тоа е вонуставен член, тогаш сите останати би биле амнестирани. А, не сметам дека Уставен суд иницијативата ја разгледува по однос на целиот Закон за амнестија“, изјави Русковска, одговорајќи на новинарско прашање по изрекувањето на пресудата за Зоран Милевски – Кичеец вo Кривичниот суд.

SHARE