“Одреди на смртта во МНР” – И Никола Димитров доби 30 (незгодни) прашања (ВИДЕО)

Портпаролот на ВМР-ДПМНЕ Наум Стоилковски со 30 прашања до Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Стоилковски пред зградата на МНР поставува 30 прашања на кои што смета дека Никола Димитров нема одговор, како што немал ниту датум кога се фотографираше во авионот!

Прашањата до Димитров во продолжение:

Никола Димитров, кое име повеќе ве опишува Скандалмен или Никиликс?

Чувствувате ли промена во раката со која што ги потпишавте Преспа, Оставката и писмото до Атина со кое придавката „macedonian“ не се однесува за етничка или национална припадност?

Лаже ли Заев кога вели дека Владата била излажана од европските партнери дека промената на името ќе отвори преговори со ЕУ?

Заминавте како амбасадор на 29 години, а предлагате закон да нема амбасадор до 45 годишна возраст, признавате сопствена недораснатост за улогата?

Додека сме кај законот – со термин темелна реформа, сокривате партизација и пресметка со неподобните со вас?

Уште еднаш, знаевте за „Рекет“, а не знаевте дека Обвинителство е зад Вашата канцеларија во МНР, или друга беше причината што криевте?

Колкави внатрепартиски кавги беа причината за фијаското и поништувањето на конкурсот за 26 млади дипломати и вработувањето на само шестмина однапред договорени?

Димитров зошто ги криете критиките за криминалот и корупцијата што ги добивавте од дипломатите, па за нив јавноста треба да дознае од странските амбасади?

Вие ли му ги сместивте на Заев пранкерот Порошенко, и пранкерот Столтенберг, па и лажниот црногорски Принц, по протокол, или пак не сте знаеле?

Му кажавте на Заев дека цел свет му се смее за пријателството со лажниот Порошенко, и што значи неговата понуда за поткуп, макар и за признавање на црковната независност, или и за тоа немате спремни несоодветни цитати?

Димитров се договоривте ли со Дане Талески во неговото досие за амбасадор да стои отворена закана кон Иран?

Остана ли некој незгрижен од комисијата за стипендирање која што работеше вонредно и прекувремено за ќерка ви навреме да стигне до вашиот дом во Холандија?

А, дали пак тоа е причината за упорноста за сериозно кршење на закон и испраќање амбасадор со двојно државјанство, инаку член на комисијата за доделување стипендија за студии на ќерка ви во странство?

Дали ќерката на Софка Пејовска Дојчиновска од Антикорупциска комисија, без конкурс ја испративте во Брисел за да се подмачка стипендијата за вашата ќерка?

Никола Димитров се уште ли сте тема на холандската политика и јавност со корупцискиот скандал и трошењето на државни субвенции од Холандија од 20 милиони евра?

Уште ли ви се допаѓа ставот на фејсбук „Србија ќе гори во пеколот“?
На толку скандали, што ли ве советуваат Габер за 1.200 евра, Спасов и Чупеска за по 1.000 евра месечно?

Зошто извисивте за Нобеловата награда за мир, и љубомора ли е причината за бојкотот на Хандке? Во меѓувреме , прочитавте ли нешто од него?

Што се сторија доматите што ги ветувавте со гајби за почеток на преговорите?

Вие ли го учевте Заев да вели „имаме датум, Европа никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија“ и други лаги, му враќавте ли што не бевте кандидат за претседател на државата?

Кога изјавивте дека без датум не знаете како би се вратиле дома, на што точно мислевте?

Објаснете: Што е тоа мултиетничка македонска нација, кој јазик го зборува таа, и кој јазик го зборуваат вашите роднини во Грција?

Гоце Делчев е Македонец, господине министер, па ќе имате ли доволно цврст ‘рбет еднаш тоа јасно и јавно да го кажете пред Захариева?

Никола Димитров каква тоа држава градеше СЈО – рекетарска, хонорарна или некаква трета?

Постоел ли т.н. „одред на смртта” во МНР кој што ги чешлал сите лични досиеја на „неподобните” за тие да бидат отпуштени од работа, а главниот чешел да замине амбасадор во Стразбур, во Прага, кај и да е?

Како рековте, кој јазик го зборат Македонците во Грција?

Ќе им се надомести ли конечно штетата на тројцата дипломати во МНР- избркани, па судски вратени на работа?

Знаете за Опасни врски – тајното име на вашиот кабинет?

Го подготви ли Дипломатска академија Дане Талески да избега и да не се појави на закажаната одбрана на амбасадорски тези за да замине во НАТО?

И на крај, како гласеше познатата клетва на Вашиот татко, Димитар Димитров напишана во колумната „Уште еден акт на велепредавство“?

Јас ќе го прочитам, знам нема да одговорите. Вели: „Валканата работа ја врши еден недоветен министер“, – па завршува – „Раката да му се исуши, кој ќе стави потпис на најавената спогодба!“

SHARE