Офф.нет: Заев и Спасовски со различен став за виршлите

„Конфликт на интереси“ постои помеѓу поранешниоит премиер Зоран Заев и техничкиот Оливер Спасовски, открива порталот Офф.нет.

Се работи за нивниот став кон – виршлите.

И додека Заев во емисијата „Еден на еден“ на Жаре му признава дека речиси постојано конзумира виршли (покрај салама и паштета), Оливер Спасовски вели дека „најнеомилено јадење ми се виршли“ во серијалот „30 прашања со…“ функционери на СДСМ.

SHARE