Со церемонија во Истанбул, денеска и официјално е пуштен во употреба гасоводот „Турски поток“, од кој пред три дена почна да се снабдува со гас и Македонија.

На свеченоста присуствуваа претседателите Владимир Путин на Русија, Реџеп Таип Ердоган на Турција, Александар Вучиќ на Србија и премиерот Бојко Борисов на Бугарија.

Рускиот гас тргна низ гасоводот од Западен Сибир преку Турција на 1 јануари, а Македонија почна да го добива на 5 јануари преку компресорната станица „Странџа 2“ во Бугарија, од каде што тој транзитира и за Грција.

Вкупниот капацитет на двете цевки е 31 милијарда кубни метри природен гас, тие минуваат и 930 километри низ Црно Море, поставени на длабочина до 2,2 км.

Како дел од проектот, претстои изградба на гасовод за Србија, а од таму за Унгарија и Италија.

SHARE