Ограбен пунктот за патарина кај Глумово

Наплатната рампа кај Глумово утринава била ограбена откако две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж додека ги држеле вработените во заложништво.

„Курир“ дознава дека еден од вооружените крадци со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.

По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.

SHARE