Запален автомобил марка „голф 5“, за кои се верува дека им припаѓале на разбојниците на денешниот напад на НЛБ Банка во скопски Чаир, бил пронајден во близина на гробиштата Бутел, дознава „Република“.

Полицијата, покрај возилото открила и една рамка од пиштол .

Претпландево , во 10.36 ч. неколку лица со оружје извршиле напад во експозитурана на НЛБ Банка во Чаир при што, бил повреден Е. Е. (26).

ОД НЛБ Банка не соопштија колкав износ на пари однеле ограбувачите и ги смируваат клиентите дека нивните средства се осигурани.

Да потсетиме, грабеж на 4 февруари имаше и во експозитура на „Халкбанк“ кај Визбегово, но нема информации за ограбувачите.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар