Оградата падна кога дојде оваа влада, рече премиерот

„Владата е целосно отворена, владате е жива, се движи народ секој ден внатре во просториите каде од премиерот до сите министри имаат непосреден контакт со граѓаните … Всушност оградите се симнати  уште со доаѓањето на оваа власт“ одговори премиерот на новинарско прашање кога ќе биде отстранета оградата околу владата што беше дно од предизборните ветувања на Зоран Заев.

Тој рече дека ќе бидат донесени одлуки кои што целосно ќе ја отворат владата: Секако, се внимава на безбедносните аспекти“ рече премиерот.

Заев уште додаде дека е убеден и е еден од приврзаниците кои  сметаат дека целосно треба да бидат отворени просторите околу владата, „зашто само така е граѓански и отворена влада“.