Изградбата на минаре на Али пашината џамија во Охрид е во финишот, а денеска почна отстранувањето на зелената „ограда“ зад која со месеци се претпоставуваше дека се гради нешто повеќе од реставраторските работи на културно-историскиот објект.

Без дозвола за градба, минарето уште пред неколку дена доби купола, од вчера тргната е и зелената ограда и јасно од сите страни на Охрид се гледа кровната конструкција во сива боја со златни елементи, објавија медиуми.

Низ охридската чаршија со денови се зборува дека џамијата ќе биде пуштена во употреба на празникот Бајрам, но потврда од засегнатите страни нема. 

Градоначалникот на Охрид освен што не знае дека објектот следниот месец ќе биде пуштен во функција, досега не го видел ниту минарето ниту куполата која во моментот е највисокиот објект во старото градско јадро.

Деновиве УНЕСКО предупреди дека поради дивите градби на брегот на Езерото но и во градот, Охриод же биде ставен на листата на загрозени културни наследства на човештвото.

Градионачалникот на Охрид Константин Георгиев призна дека во Охрид има најмалку 700 диви градби.

Премиерот Зопран Заев увруваше дека судбината на градбата ќе биде решена низ дијалог на засегнатите страни.

SHARE