Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител за откриените неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб. За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите.

На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. На тој начин, еден осигуреник со просечна плата изгубил 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година.

„Министерството за труд и политика ја исправа неправдата која претходната власт им ја нанела на овие луѓе и им ги враќа парите на граѓаните. За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400.000 денари“ велат од Министерството.

SHARE

Оставете Коментар