Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, го осудија објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“.

“Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Ж

Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката“, предупредуваат од ОЈО.

Од Обвинителството нагласуваат дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бараат одговорност од сторителите, пишува „Независен“.

SHARE