ОЈО ќе се позанимава со „пиштолџијата“ од Гостивар

Посебна комисија во Основното јавно обвинителство формирана за случаи поврзани со изборни нерегеуларности го регистрирала и ќе постапува по заканите од поддржувачи на СДСМ кој вчера се закани дека со пиштол ќе влезе во ДИК поради тоа што бил избришан од Избирачкиот список.

Настанот се случи за време на средба на кандидатот Стево Пендаровски со граѓани на Гостивар. Тој изјавата на граѓанинот ја прокоментира со зборовите „ И да им влезеш“.

„Случајот е документиран од страна на комисијата за изборните нерегуларности. Таа води постапки во рамки на нејзините надлежности, во насока на расчистување на случајот“ – потврдија за 1ТВ.

Опозицијата ѝ го препиша инцидентот на владеачката СДСМ.

„Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е се по очигледна. Активисти на власта се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК, јавно пред камери, а Стево Пендаровски молчи. Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола. Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат“ – соопшти ВМРО- ДПМНЕ.

Претседателот Оливер Деркоски реагираше и на социјалните мрежи каде саркастично напиша дека „го чекаат да дојде тој со пиштолот“.

Тој упати и предупредување до претседателските кандидати да внимаваат што зборуваат на митинзи.

SHARE

1 Коментар

  1. Кое ОЈО!? Зар постои такво нешто!? Ова ОЈО што сега постои е само за тие што не се северџани.

Оставете Коментар