Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, надлежно за предметот „Рекет“, не прецизираат дали ја имаат видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

„Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази, изјавија за МИА од Обвинителството.

Во видеото е поместена и аудио снимка во која Камчев, при „примо-предавањето“ на парите на Камчев му кажува кога „ќе излезе на слобода.

„Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го одолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода“, му ветувал Бојан Јовановски на бизнисменот Орце Камчев.

SHARE