ОЈО побара притвор за насилниците од Штип

Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе предлог за определување притвор за лицата С.А. и П.Р. од Штип кои заедно извршиле грубо насилство, а во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи беше објавено и видео од настанот за кој се обвинети.

„Обвинетите во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата на оштетената и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде што продолжиле со вршење насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, се вели во соопштението на обвинителството.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и постоењето на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, Обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени“, соопшти ОЈО.

Во врска сопретпоставките околу тоа колкава казна е предвидена за кривичното дело насилство, реагираше адвокатот Александар Тортевски.