Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција соопшти дека на групата „Јавна соба“ биле споделени околу 800 фотографии и видео материјали.

Според Чулев, со групата управувале двајца администратори и двајца модератори.

Министерот додаде дека било испратено барање до седиштето на „Телеграм“ во Велика Британија за добивање на дополнителни податоци за администраторите на групата, како и за сите членови на таа група коишто го прекршиле законот.

https://www.facebook.com/sitelvesti/videos/818419205305393/