ОМД: Грците се фалат со туѓ фолклор, музика и култура


Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) одново да ја потсети грчката и меѓународната заедница дека промовирањето на грчка култура и музика како ‘‘македонска‘‘, без да направи никаква разлика помеѓу што е македонско, а што е грчко, е вид на дискриминаторска, провокативна практика и културно присвојување од најлош вид.

Повод, овој пат е таканаречениот танцувачки концерт ‘‘Патување низ Македонија и Тракија промовиран од грчката православна заедница во Јужна Австралијаи музичка група „Микри Компани“.

Со присвојувањето на зборот ‘‘македонска‘‘, грчката заедница ја продолжува долгогодишната кампања за прикривање на злосторствата извршени врз македонците за време на Балканските војни, режимот на Метаксас, и периодот од 19444-1948. Исто така, културното присвојување ја демонстрира неподготвеноста на Грција да го признае постоењето на етничките македонци кои живеат во Грција, велат од ОМД..

Од ОМД ја повикуваат грчката заедница во Австралија да престане со токсичната реторика, која е карактеристична на грчката политика на негирање на историската реалност. Се надеваме дека грчката заедница во Австралија може да ја прослави својата горда култура, без да ја дискриминира македонската заедница во Грција. Доколку грчката заедница е заинтересирана за промоција на комплетното патување низ ‘‘Македонија‘‘, потребно е признавање на големото македонско малцинство во Грција.

SHARE