Омразата кон фонтаните од “Скопје 2014”

Се повеќе граѓани се прашуваат зошто власта ги држи неактивни фонтаните и другите објекти кои служат за разладување или имаат естетска намена а се од проектот Скопје 2014.

Дел од нив воопшто немаат вода, дел се претворени во ѓубришта што ги иритира граѓаните затоа што тие иако во времето на Груевски сепак се направени со народни пари.

Првиот човек на Институтот за комуникациии Жанета Трајкоска со слично прашање, зошто фонтаните се игнорораат од власта.

“Зошто ни една фонтана нема вода?! Ни една не работи?

Ќе ги правиме ѓубришта и уништени објекти оти ни е гајле за потрошените пари на граѓаните, дека претходните трошеле? Или?!

Вака е уште пострашно? Кое е објаснувањето, ако има?!”, прашува Трајковска.

Голем број граѓани сметаат дека неодговорното однесување на власта се должи или на нивната омраза кон се што изгради ВМРО-ДПМНЕ во предходната влада или на крајна неспособност на Заев и неговата екипа која две години не може да го пушти во промет автопатот кон Штип иако тој е веќе готов.

Во меѓувреме Заев не направи ниту еден друг голем или помал проект.

Фото: Република

SHARE