Опасноста од атомска војна е на највисоко ниво од Втората светска војна, оценила директорката на Институтот за истражување во разоружувањето при Обединетите нации, Рената Дуан.

Нуклеарното оружје со кое што располагаат неколку светски сили Дуан го нарече „итен проблем“ кој светот мора многу посериозно да го сфати, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

122 држави потпишаа договори за целосна забрана на нуклеарното вооружување, но преговорите за разоружување се во ќорсокак веќе 20 години.

Договорот за забрана за нуклеарното оружје, кое го поддржува и Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје, организација наградена со Нобеловата награда во 2017-та година, засега има 23 од 50 потписи неопходни за договорот да стапи на сила.

Сепак, на овој договор жестоко се противат Русија, Кина и САД, како и останатите земји кои поседуваат нуклеарно оружје.

SHARE