Ооооо ми те води земјо моја лидер над сите лидери Ооо (Поема за Заев)

Музичарот Ристе Рики Тушевски влезе на листата на автори кои напишале стихови и песни за политичари на власт.

По старите песни што јавноста имаше можност да ги слушне а беа посветени на Црвенковски, Груевски и Заев во новата поема за актуелниот премиер која засега нема музичка подлога се вели дека тој е “лидер над сите лидери” и дека ќе ја крене Македонија до рајските европски убавини.

Дали со оваа поема армоникашот Тушевски влезе во најтесниот избор за иден македонски претставник за Песна на Евровизија е прерано да се каже.

SHARE