Опасниот коронавирус од Кина стигна до САД

Починати 9 лица , заразени повеќе од 440 луѓе е билансот на ширењето на смртоносниот коронавирус кој веќе е идентификуван кај пациенти во 13 кинески провинции.

Аларм плус е што заболени веќе се откриени во САД , Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја,

Веќе е потврдено дека коронавирус, кој предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек и дека може да мутира, што го отежнува одржувањето на епидемијата под контрола, предупредија кинеските здравствени власти.

Светската здравствена организација за денеска најави состанок на кој треба да се донесе одлука дали епидемијата на коронавирус треба да се прогласи за глобална опасност.

Вирусот за прв пат е откриен во градот Вухан и заразил скоро 200 луѓе, се раширил во другите кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг и Шангај, но и надвор од Кина, објави Ројтерс.

Кинеската Национална здравствена комисија претходно потврди денес дека новиот коронавирус, кој предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек и заразил некои членови на медицинскиот персонал, објави официјалната кинеска новинска агенција Синхуа.



SHARE