Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија денеска заедно со останатите опозициски партии Алијанса и Алтернатива и Левица, поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

„Бараме формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието и ќе треба да придонесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19, којашто секојдневно се влошува“, се наведува во партиското соопштение.

Составот на комисијата, на предлог на Владата, ќе го избира Собранието, а истата се предвидува да биде составена од 11 члена:по функција ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

SHARE