Опозицијата ги трола сдсмовците што утнаа во Собранието

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски открива како СДСМ ја направи една од двете грешки направени во Собранието денеска.

Тој открива дека одговорниот во СДСМ не знаел какви процедури се важечки во Собранието.

“За несреќа на оној колега, координатор на СДСМ, кој не знам дали важи за слаб или добар познавач на процедурите, да разјасниме…

1. Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на СЈО не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со БАДИНТЕР…

Но, во денешниот Закон како прв член ја регулираат употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка… (види слика 1)

Тоа што прифатија се што им текна на колегите Албанци за овој Закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на се што сторија минативе години…

2. Уставот на Република Македонија во неговиот Амандман 10 регулира дека со БАДИНТЕР се гласаат закони кои регулираат употреба на јазици… (види слика 2)…

Колегата треба да знае дека Уставот е највисок акт. Без разлика што учествуваше во неговото менување, Уставот и за него, и за колегата Талат важи и понатаму.

3. Законот за Комитетот за односи помеѓу заедниците во членот 11, став 4, што и овој колега и неговиот сопогазувач на Деловник и Устав Талат Џафери, го кријат и избегнуваат го вели истото дека сите идни закони кои ќе регулираат прашања за јазикот на заедниците ќе се гласа со БАДИНТЕР… (види слика 3)

4. Талат сам си најави дека овој закон се гласа со БАДИНТЕР. Тоа што заборавил, намерно или не, е ваша и негова работа… (види видео подолу)…

П.С. СДС никогаш немал послаб, позбунет и попослушен состав во Собрание…”, заклучува Димовски по грешката на власта која донесе закон што извесно ќе биде поништен од уставниот суд.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10221638379532502&id=1344358114

SHARE