Бурна седница на Парламентот на Црна Гора, кој денеска го изгласа Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, наспроти жестокото спротивставување на најголемата опозициска коалиција Демократски фронт (ДФ).

За Протоколот гласаа 44 од вкупно 81 пратеник, без ниту еден против или воздржан, а пред гласањето пратениците од ДФ ја напуштија собраниската сала.

„Демократски фронт, секако, нема да го поддржи овој протокол. Малите држави и малите народи имаат права како и големите држави, а за ваквите одлуки треба да се прашаат граѓаните. Тие навистина имаа референдум, тој референдум не успеа, но на овие од НАТО баш им е гајле што мисли граѓанинот на Македонија. Ние, за жал, во регионот имаме политичари на кои им е поважен интересот на САД отколку на сопствените држави“, рече пратеникот на ДФ, Андрија Мандиќ.

Тој им забележа на колегите од владеачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) за свечениот пречек на спикерот Талат Џафери.

„Тој е најпознат по носењето автомат и по пукањето врз македонските полицајци. Срам да ви е“, рече Мандиќ.

Бранко Радуловиќ од Демократски фронт порача дека за нив постои само една Македонија и му се извини на нејзиниот народ што Црна Гора денеска ќе ја поддржи „македонската марионетска власт“.

Пратеникот Миодраг Лекиќ, пак, нагласи дека нема да го поддржи протоколот, бидејќи, според него НАТО нема легитимитет, а на Македонија ѝ забележа дека за пристапувањето во Алијансата не спровела референдум.

SHARE

6 Коментари

  1. У Црној Гори НИКАДА не би успио експеримент да држави промјене ДРЖАВНО име, чак ни да је НАТО три пута јачи но што јест! Црногорци си државотворан народ и прије свега поносит и одважан народ и не би никада НИКОМЕ дозвлоио да му неко укаља част, ма ко то био!
    Ово што се збило у Републици Македонији, не би у Црној гори дозволила чак ни про-НАТО коалиција на челу са ДПС која је сад ође на власти, јер је част Црногораца изнад свега, а понос Црне Горе и сувјереност НИКО и НИКАД не смије ни помислити довјести у питање!
    Ми Црногорци искрено сажаљевамо братски Македонски народ који је имао ту велику несрећу и трагедију да њиме управљају народне издајице и људи без трунке савјести и морала!
    Нека је вјечни срам Заеву и осталим издајицама свог народа!
    Да живи Република Македонија!

    • Pozdrav druze Crnogorac na podrskata kon makedonskiot narod. Vikas Crna Gora nikogas ne bi promenila ime za vlez vo nato ili Evropa. I Makedonija ne bi. Ali nekoj drug od strana bi! Bi promenal ime I na Crna gora I kako sto se desilo i na Makedonija. Zaev dojde na vlast so stav da ne bi promenal ime. Referendum ne pominal ali to se ipak desilo. Znaci ne e vo prasanje dali nie bi smenale ili ne. prasanje e dali nekoj mokjen nadvoresen factor saka da ti promeni ime.
      Pozdrav Crnogorac. da zivee Makedonija I Crna Gora.

      • Мислам дека “Crnogorac” е сепак во право, бидејќи кога ДПМНЕ требаше да излезе од Собранието тоа не се случи, а во Црна Гора никогаш не би можел да најдеш ниту двајца како Крсто Мукоски. ГАРАНТИРАМ! Едноставно тие се поинаков народ, без навреда кон нашиве Македонци. Воопшто не би можела да има таква предавничка партија во Црна Гора како СДС, оти за таквите НИКОЈ во Црна Гора не би гласал! Ваквото предавство е специфично единствено за Македонија и македонците кои низ целата историја во сите битни моменти имале 50% предавници! НИЕ НЕ СМЕ ДРЖАВОТВОРЕН НАРОД, а Црногорци СЕ! Мојот заклучок: Најголеми ВМРО-овци се во Црногорската опозиција! Тие ако треба и од ООН би се исчлениле, а името не би го смениле!

        • Ајде се ова e масло на Игор Јанев и неговиот помошник ЕДЕН. Тој ги убеди да бојкотираат!

  2. ОВИЕ ПРАТЕНИЦИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ВО ЦРНА ГОРА, НАПРАВИЈА НАЈДОБРА ВИДЕО СЛИКА ЗА СЕ ОНА ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ И СЛУЧУВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЕДНОСТАВНО ИМ БЛАГОДАРИМЕ!

  3. Golema blagodarnost, brak’a Crnogorci! Nie se posramotivme, stanavme predmet za potsmev, zhiva mizerija!

Comments are closed.