Во ера кога штедливите светилки стануваат светски тренд, Општина Аеродром се пофали дека поставила ново осветлување, а една светилка чини неверојатни 350 евра.

“Трговскиот центар во населбата Лисиче блесна во полн сјај. За првпат од своето постоење доби целосно ново осветлување. Општина Аеродром ги подобрува условите за живот на сите свои граѓани и станува пример за урбано живеење”, беше објавено на фан страницата на општината.

За 108 светилки биле платени 2.2 милиони денари, но овој дел од информацијата бил отстранет, пишува Пресс24.

Според пресметките на порталот, ако со 2.2 милиони денари биле купени 108 светилки тогаш за секоја од нив, граѓаните платиле по точно 20.370 денари, односно речиси 350 евра.