Општина Пустец нема ни аптека

Граѓаните на Пустец, се соочуваат со неверојатен проблем – на територијата на целата општина која има 9 села нема ни една аптека.

„Ова е голем проблем“ посочуват жителите на Општина Пустец.

Општина Пустец бара помош од државата за да се реши овој долгогодишен проблем. Апелите се уште погласни поради тоа што од страна на државните институци нема никаква реакција за проблемот на жителите.

Во Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, Македонци, пишува весникот “Илинден“ – Тирана.

SHARE