„Неколкупати ги читам и препрочитувам извештаите од „хеликоптерската“ прес-конференција на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и никако не успевам да сфатам каква е бизнис-логиката на јавно-приватното партнерство меѓу македонската држава и приватната шведска компанија за летање хеликоптери, која во наредните осум години, без денар трошок за нас, би требало да ги сервисира македонските спасувачко-медицински летачки интервенции…“ пишува во колумна за „Слободен печат“ новинарот Сашо Ордановски.

Таа компанија, во првите шест месеци, се обврзува да инвестира девет милиони евра во овој проект, во што спаѓа купување на два нови наменски хеликоптери, а потоа осум години и да ја финансира целата операција – а нас таквиот првокласен спасителско-медицински интервентен сервис би нѐ чинел нула (и со цифра: 0) денари?!

Во животот научив дека бесплатните услуги, потоа, излегуваат најскапи, како што во политиката нема ручек за беспари. Па, во недостаток на проверени, официјални информации, почнав да вртам некои телефони…

ЛИНК до колумната на Ордановски