Ордановски: Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ е во право за бизнисите на Заеви

Новинарот Сашо Ордановски во анализа за Цивилмедиа оценува дека Заев и фирмите на неговата фамилија треба да замрзнат делнод своите бизниси и да бидат потранспарентни.

Според Ордановски кој важи за близок на СДСМ
потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски оценува дека Заеви стануваат „главен бизнис фактор играч во државава“.

“Сосема е погрешно за тоа Вице Заев да го тужи за клевета, па уште и да го добие на суд! Напротив, заради таквите критики, па нека им е намерата и клеветничка, Заеви треба да предложат како уште потранспарентно да ги водат своите деловни мрежи, а одредени бизниси или да ги „замрзнат“ или од нив сосема да се откажат, доколку таму деловното „триење“ со државата е преголемо. На пример, што им треба вложување во бизнисот со одгледување марихуана, дејност која би требала да е високорегулирана и предмет на арбитрарни државни контроли? Во успехот на таа дејност однесувањето на власта е покритично отколку во производството на ајвар или тули”, пишува Ордановски пренесува плусинфо.мк.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.