Годинешниов орден „Свети Никола“ што го доделува градот Штип, ќе му биде доделен на генералот Стојанче Ангелов, соопшти градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

„Годинава одличјето „Свети Никола” му го доделуваме на нашиот истакнат сограѓанин, патриот и херој којшто во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа, како се сака Република Македонија. Во 2001 година кога земјата ни крвареше, генерал Стојанче Ангелов не се штедеше туку со храброст и пожртвуваност замина на боиштата во одбрана на татковината. Генералот во сите изминати години жестоко се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата. Големината на овој човек е и во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување, рече Бочварски, како што пренесува Канал 5.

Наградата ќе му биде врачена вечерва.