Ориѓански: Тоа што Бугарија не признава македонски јазик е нивни проблем

Идниот директор на сè уште неотворениот Македонски центар во Тирана, Албанија, не гледа ништо вознемирувачко во Декларацијата на бугарскиот парламент со која не се признава постоење на македонски јазик.

„Оваа работа не е наш проблем, ова е нивни проблем, ние знаеме кој е нашиот јазик и не гледам никаква потреба, некој на хартија ова да го признае. Најважно е ние што мислиме за себе, другите, нивно право, кој како сака, така нека мисли и кажува“, вели Ориѓански.

SHARE