Ослободителна пресуда на петмина обвинети во повторената постапка за случајот „Шпион“ изрече денеска Кривичниот суд во Скопје.

Од обвинение се ослободени поранешниот генерал Горан Стојков, потоа Марјан Маџоски поранешниот шеф на кабинетот на екс собранискиот спикер Трајко Вељаноски, поранешниот вработен во МВР Цветан Дамјановски, Миќо Насковски и Георги Хаџи Мицев.

Дел од нив одговараа за измама, беа обвинети за злосторничко здружување и незаконско поседување на оружје.

Првично сите обвинети во Шпион беа прогласени за виновни и осудени на затворски казни.

Апелација дел од казните потврди, дел укина или намали, а за дел ги врати на повторно одлучување.

Судијата Владимир Туфегџиќ изрекувајќи ја одлуката рече дека предвид биле земени сите докази.